
Спроведената операција на израелските воздухопловни сили на 10 октомври е најголемиот напад врз воздушната одбрана на Сирија уште од 1982 година, па наваму. Ова го изјави израелскиот воздухопловски бригаден генерал Томмер Бар.
“Ова е целосен оперативен успех”, рече тој, цитиран од Хаарец. Потсетуваме дека денес беше соопштено дека израелските ВВС нападнале 12 објекта на сириската армија и Иран на територијата на Сирија. Освен тоа утринава Израел информира дека е соборен иранско безпилотно летало кое влегол во воздушниот простор на земјата од територијата на Сирија. Иран, пак, ги негираше информациите.