Албин Курти и се враќа на идејата за национално обединување

од Vladimir Zorba
96 прегледи

  Лидерот на косовското движење „Самоопределување“,Албин Курти, повторно се врати на идејата за национално обединување на Косово и Албанија.

На седницата на Генералниот совет на партијата,во своето прво обраќање по изборот за партиски лидер, рече дека темел на политиката на неговата партија е исполнување на суверенитетот на Косово за обединување со Албанија,како проект за самоопределување ,развој и мир.

– Ние имаме свои политички темели,оние кои не прават сите нас обединети а со кои сите се согласуваме. Тоа се: непрекинат напор за исполнување на суверенитетот на Косово за обединување со Албанија,како проект за самоопределување, развој и мир; социјалдемократски пат за заштита и поттик на домашното произодство,економски развој и вработување,со социјални а не  само судски права,како и зајакнување на државата на демократски и праведен начин,поинаку од она што го правеа досегашните власти кои ја заштитуваа корупцијата во земјата со бруталност,-изјави Курти.

Тој посочи дека негова обврска е „Самоопределување“ да раководи со косовската извршната власт.

Четириесет и две годишниот Курти, на спроведените партиски избори,врз основа на „еден член,еден глас“,за лидер беше избран на 21 минатиот месец.Откако пред три години се повлече од лидерската функција,до декември минатата година,на чело на партијата  беше Висар Имери,кој сега се подготвува да формира нова партија,заедно со дел од клучните луѓе во партијата.

Курти,кој е основач на „Самоопределување“ од секогаш е познат по неговите заложби за обединување на Косово со Албанија.