27 годишната Калина Велевска и 35 годишниот Александар Миновски од Скопје,завчера загинаа на Кајмакчалан, откако прво се одвоиле од својата планинарска група, а потоа паднале во бездна во услови на невреме, ветер и густа магла.

Двајцата планинари кои беа пронајдени мртви под врвот Кајмакчалан, на планината Ниџе, биле дел од група планинари со организирано качување на врвот кои се соочиле со сериозни проблеми и ужасни услови за време на потфатот.
Групата од неколку луѓе кои го искачувале врвот против имале разорен ветер од 150 километри на час и температура од минус 20 степени. На Инстраграм беше споделена снимка од искачувањето на планината.
