Шеесетгодишната тетовка Л.П. синоќа во полиција во Тетово пријавила дека нејзината сестра А.П. (62), со која живее во заеднички стан, психички ја малтретирала.
МВР информира дека тетовката посочила дека нејзината сестра ја заклучила во една од собите заканувајќи и се по животот, додека на нејзината ќерка и ја заклучила влезната врата од станот и не и дозволувала да влезе внатре.
А.П. била приведена и задржана во СВР Тетово за понатамошна постапка. За настанот бил известен јавен обвинител од Тетово. Против А.П. ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.