Рита Ора позира како од мајка родена

од desk2
167 прегледи

Популарната британска пејачка објави на Инстаграм фотографија по која фановите полудеа! Таа позираше гола со само некое парче накит, на платформа во позадина со океан. 27 годишната пејачка ја истакна својата тетоважа, немаше ниту грам шмника, а сепак привлече големо внимание.

Рита Ора која е позната пејачка и модна икона во Холивуд, на нејзиниот Инстаграм профил,ги почести сите 13 милиони следбеници со топлес фотографија. Рита позира гола на дрвена платформа во позадина со океанот. И тоа не само една фотографија туку четири фотографии кои им се допаднаа на пола милион следбеници.

Моментално Рита е на тропски одмор и според фотографиите кои ги објавува се гледа дека максимално ги ужива слободните денови. Таа претходно работеше на саундтракот за новото продолжените на “50 нијанси ослободена”, а исто така работи напорно за претстојната турнеја. Во склоп на нејзината турнејан таа официјално го потврди и нејзиниот настап за овогодинешните Британски музички награди кои треба да се одржат на 21 февруари.