Коха диторе: Како ЕУ ги изневери Ахтисари и Косово

од Vladimir Zorba
89 прегледи

  Под наслов „Европската унија го издаде Косово“, приштинскиот весник „Коха диторе“ наведува дека ЕУ ја изневерила таа држава бидејќи останала неутрална во однос на нејзиниот статус, иако преговорите за прогласување косовска независност биле направени во соработка со меѓународната заедница и прилагодени на ЕУ.

– Од преговорите до прогласувањето независност, се беше прилагодени на ЕУ и улогите кои беа планирани. Меѓутоа, на крајот, ЕУ го предаде Марти Ахтисари со тоа што не постигна единство за да го поддржи неговиот предлог, а Косово го издаде, затоа што остана неутрална во однос на статусот, наведе весникот.

Во текстот се истакнува дека „Косово ги исполни своите обврски од пакетот на Ахтисари“, додека ЕУ „не само што експериментираше со своето на така успешно присуство во Косово, туку доживеа и неуспех на полето на своите политички обврски“.