Положил возачки испит во 79 година од животот – има одлична причина

од desk2
69 прегледи

Посветен сопруг положил возачки испит во 79 година од животот за да може да ја посетува сопругата во болница.

Кит Лимберт од Гарфорт, Јоркшир, возел часови како момче, но никогаш не положил за возачка дозвола.

Неговата сопруга го возела секаде за време на нивниот 58-годишен брак.

Сепак, се се променило кога таа доживеала мозочен удар, а боледува и од рак на дојка, па мора постојано да оди на лекар.

Затоа Кит решил да положи возачки испит за да може да ја вози својата сакана на редовни прегледи кај лекар.

„Сопругата ме возеше повеќе од 40 години, секогаш бев слободен да пијам, затоа што знаев дека таа ќе ме врати. Сега е време јас да се грижам за неа, и го должам тоа“, вели Кит.

„Воопшто не се чувствувам како да имам 79 години“, вели пензионерот.