(ВИДЕО) Најмалку 20 повредени при пукање во училиште на Флорида

од desk4
149 прегледи
Во средно училиште во Паркленд, Флорида, се случи вооружен напад при кој се повредени најмалку 50 лица. Полицијата не пушта никој да влезе, ниту да излезе од имотот на училиштето. На местото на настанот освен полицијата, се наоѓаат и неколку возила на итната помош, а неколку лица се изнесени на носилки и пренесени во најблиските болници.
Наставниците и учениците се останати во училиштето, додека по нив не дојдат безбедносни сили. Во училиштето учат вкупно 3.208 ученици. Од канцеларијата на шерифот кратко изјавиле дека станува збор за инцидент што и натаму трае.
„Има жртви“, навеле од канцеларијата. Оттаму додале дека напаѓачот сѐуште е на слобода и ги повикале луѓето да ја избегнуваат оваа област. Според Си-ен-ен, повредени се најмалку 20 лица. Учениците и наставниците масовно излегувале, бидејќи мислеле дека се работи за вообичаена вежба при случај на пожар. Тогаш напаѓалот отворил оган врз нив.
На Твитер се огласија и претседателот Трамп и првата дама, Меланија. Трамп свика итен состанок во Белата куќа и се очлекува доцна ноќта да излезе и со официјална реакција.