Американските власти и медиумите објавија детали за масакрот во училиштето во Флорида , пренесува Гардијан.

Потврдена е смртта на 17 лица во шкоото во Стоунман Дуглас во Парленд , Флорида. Меѓу загинатите има и деца и стари лица . Напаѓач влгол во училиштето во средата попладне и отворил оган. Телата на 12 лица се пронајдени во училиштето, две лица се убиени надвор од зградата, еден на улицата и двајца починале во болница од добиените прострелни рани.

Утврдена е идентитетот на 12 од убиените . Нивните имиња не се откриваат. Но, полицијата соопшти дека меѓу загинатите бил фудбалски тренер. 15 лица се хоспитализирани: за пет лица повредите се опасни по живот и 10 се во стабилна состојба.
19-годишниот Николас Круз е осомничениот за крвавата стрелба. Тој е уапсен на местото на нападот и во моментов го испитува полицијата.
Напаѓачот бил вооружен со полуавтоматска пушка АР-15 и “многу шаржери”, соопшти полицијата.
Круз студирал во Маргери Стоунман Даглас, но бил дисквалификуван поради дисциплински причини. Еден наставник во училиштето рече дека вработените биле предупредени да не го пуштат во комплексот.

Според непотврдени информации, тој се лекувал затоа што имал ментални болести.
Соучениците на Круз известија дека многу студенти предвиделе дека тој може да “направи такво нешто” за да ги повреди. Според учениците, осомничениот и претходно носел оружје во училиштето.
Трагедијата е осмото крваво масовно пукање во модерната американска историја . Исто така, нападот е еден од најмалку осум напади во американските училишта од почетокот на 2018 година, со смрт и повреди.

Американскиот претседател Доналд Трамп напиша на Твитер дека се молел и им искажал сочувство на засегнатите, но одлучил да не зборува за нападот.
Но, според некои луѓе, молитвите и мислите не се доволни.
Крис Марфи, сенатор од Конектикат, каде масовното убиство во училиштето Сенди Хук (26 деца и возрасни) беше извршено во 2012 година, напиша на Твитер: “Ова се случува само во САД. колење, стрелање застрелани по училишта . ”
Тој истакна дека ова не е случајност, тоа не е лоша среќа, туку последица на “нашата пасивност”.
Ние сме одговорни за се тоа , рече сенаторот.