Мистично езеро под океанот е смртоносно за живиот свет

од desk2
93 прегледи

Во Мексиканскиот Залив, во близина на брегот на Њу Орлеанс, на речиси еден километар под површината на морето постои езеро. Таинственото езеро од страна на нуркачите е наречено „џакузи на очајот“ бидејќи тоа ги убива речиси сите суштества кои имаaт несреќа да нурнат во него.

Имено, водата во ова езеро е петпати посолена од морска вода и содржи висока концентрација на метан и водород сулфид поради што не се меша со морската вода што го опкружува.

Ваквата концентрација на елементи е смртоносна за луѓето и животните, а во такви услови можат да преживеат само некои бактерии, ракчиња и црви.

„Ова е една од најневеројатните работи пронајдени во морските длабочини. На дното на океанот да има езеро и река што тече. Добивате чувство дека сте во некој друг свет“, вели Ерик Кордес, професор по биологија на универзитетот „Темпл“ кој го открил езерото.

Дијаметарот на ова езеро е триесет метри, а длабоко е три и пол метри. Подводниот гребен е опкружен со трупови на ракови, кои заталкале кон езерото во потрага по храна и огромни школки на чии жабри живеат бактерии што се хранат со метан и водород сулфид.

Инаку, истражувачкиот тим предводен од Кордес понел примероци од суштествата прилагодени за животот во такви услови.