Грција нема да толерира никакви предизвици кон нејзиниот територијален интегритет, изјави денеска грчкиот премиер Алексис Ципрас.
Изјавата на Ципрас следи по инцидентот од понеделникот кога се судрија грчки и турски брод крај осторовот Имија/Кардак во Егејското Море, за чиј суверените спорат Атина и Анкара.
– Нашата порака е јасна. Грција нема да доволи, прифати или толерира каков и да е предизвик кон нејзиниот територијален интегритет, порача Ципрас.
Потенцирајќи дека поморската граница на Грција во Егејското Море, исто така е и граница на ЕУ, Ципрас додаде дека „предизвиците и агресивната ретоорика кон суверените права на една земја членка на ЕУ, се насочени и кон целата Унија“.
Во врска со судирот на двата брода во понеделникот, Анкара и Атина меѓусебно си ја префрлаат одговорноста за инцидентот, потенцирајќи дека тој се случил во „нивни територијални води“.
Поради Имија/Кардак, Грција и Турција во 1996 година се најдоа на работ на војна.