“A Quiet Place” е надреален хорор во кој актерите ништо не зборуваат (ВИДЕО)

од desk2
109 прегледи

Деновиве е објавен првиот трејлер за надреалната трилер-драма “A Quiet Place” на режисерот Џон Красински, кој во филмот се појавува во улога на главен лик, заедно со Емили Блант и Ноа Жупе.

Морничавиот филм донесува приказна за семејство кое живее во село во потполна тишина, а комуницираат со употреба на знаковен јазик.Така се кријат од непознати створови кои реагираат на звуци и на шумови. Откако ќе изгубат едно дете, родителите се борат за другите две, а очекуваат и раѓање на уште едно бебе.

Красински во “A Quiet Place” успеал да створи посебно напната атмосфера без никаков говор и дијалог.

“A Quiet Place” во кината се очекува на 6 април годинава.