Единаесет романи влегоа во вториот круг за изборна етаблираната награда „Романнагодината“за 2017 година која под згаснувањето на „Утрински весник“ продолжува да ја доделува новоформираната Фондацијаза промоција и унапредување на културните вредности „Славко Јаневски“ од Скопје. Селекцијата на пристигнатите 27 дела во официјалнаконкуренција годинава до 15 март кога и ќе биде соопштено името на наградениот роман, ќе ја врши жири комисијата во состав: Давор Стојановски, писател и минатогодишен лауреат, Ристо Лазаров писател, Иван Додовски, писател и професор на Универзитетот Американ колеџ од Скопје, Анета Дучевска, професор и декан на Филолошкиот факултет „Блаже Коневски“ и Катерина Богоева, новинар и член на Фондацијата „Славко Јаневски“.
На одржаниот состанок на 15 февруари, жири комисијата меѓу другото констатираше дека во центарот на пристигнатите романи на одржаниот конкурс, генерално е политиката,неодамнешните политички случувања воМакедонија, но и во други земји.Со задоволство беше потенцирано дека I во дел од овие романи, напишани на македонски јазик провејува зрелоста на младите автори, како и дека во нив се среќаваат нови и многу добри јазични решенија и вокабулар.
Романи од вториот круг за„Роман на годината“ за 2017 година
- 1. „Круг“- Димитар Башевски, Слово“
- „Манастир Фуентерабија“–Јагода Михајловска Георгиева, „Три“
- 3. „Се гледаме наскоро“ –Драгана Евтимова, Владимир Лукаш, „Антолог“
- 4. „Љубовникот на Ленин“- Блаже Миневски, „Матица македонска“
- „Пешаци по црни полиња“- Оливера Николова,„Матица македонска“
6 „Одбројување“– Фросина Пармаковска, „Или – или“
- „Земјотрес 05:17“ – Владимир Плавевски, „Македоника литера“
- 8. „Апокалипса.мк“–Бранко Прља, „Готен“
- 9. „Диссомнии“-Игор Станојоски, „Антолог“
- 10. „Граница“– Луан Старова, „Три“
- 11. „Годините кога научив да летам“, Евгениј Хоуп, „Матица македонска“