Педофил се допишувал со 11 годишно девојче, а нејзиниот татко го наместил и претепал

од Vladimir Zorba
127 прегледи

Аргентинецот Волтер Родригез одлучил сам да го реши педофилот кој сакал да ја залаже и обљуби неговата ќерка  Тој физички да се пресмета со педофилот кој сексуално ја вознемирувал неговата 11 годишна ќерка така што го договорил  на состанок со него, наместо со  малото девојче.  

Идентитетот на педофилот е откриен, односно тоа е Герман Акоста која има 29 години, а со денови ја вознемирувал ќерката на Родригез по пат на социјалната мрежа “Whats App”. Тој ја убедувал ќерката на Родригез да се сретнат, но да не кажува никому со кој ќе се среќава. Акоста не се надевал дека малото девојче ќе му ја раскаже целата приказна на својот татко.

Откако му раскажала на својот татко за случката, тој продолжил да се допишува со педофилот. “Кажи им дека ќе се сретнеш со твоите пријатели”, напишал Акоста, не знаејќи дека се допишува со нејзниот татко.

Тој ѝ праќа пораки со сексуална содржина и барал од неа да му праќа фотографии каде позира во долна облека.

“Јас сум невина”, напишал Родригез во името на својата ќерка.

“Тоа е супер”, вратил педофилот.

Родргиез признал дека прво го договорил Акоста да се сретнат во неговиот дом, но дека во тој случај сигурно би го убил. Сепак, Акоста го променил планот и рекол да се сретнат во населбата Вила Кресто во Буенос Аирес.

Кога Родригез го здогледал Акоста на улица, веднаш почнал да го удира по главата, а потоа повикал полиција. Акоста бил целиот раскрварен, па Родриегз го фотографирал и тие фотографии ги објавил на Фејсбук. Исто така, ги објави и фотографиите каде се прикажани пораките кои ѝ ги пишувал на девојчето.

“Овој човек е перверзен. Ѝ праќаше сексуални пораки и фотографии на мојата 11 годишна ќерка”, напишал Родригез на Фејсбук.

Сега и двајцата се соочуваат со обвиненија, но ниту еден не е притворен. Родригез е обвинет за напад на Акоста, а Акоста за сексуално вознемирување на малолетник.

“Им покажав сè и не ми е јасно зошто тој човек не е во притвор. Таква личност не заслужува да шета слободно на улица”, вели Родригез.

Законот во Аргентина вели дека доколку некој сексуално вознемирува малолетник, по пат на Интернет или по пораки на мобилен телефон, ќе се соочи со шест месечна или едно годишна казна затвор.

“Бидејќи тој е слободен, постои ризик за општеството, бидејќи може да вознемири нечие друго дете”, предупредува Ернан Наваро од невладина организација која се бори против сексуалното вознемирување на малолетници.

“Родителите сметаат дека доколку децата седат покрај нив се безбедни. Но, децата се сосема сами додека се на Интернет”, додава Наваро.