Екатимерини до грчките политичари: Време е да станете сериозни

од desk4
64 прегледи

Професионалните способности на грчката владејачка елита се ограничени на уметноста за одржување мали партиски битки. Владините претставници го развија својот талент на универзитет, во амфитеатaр и и зад сцената на партиските кампањи.

Сега тие тоа го манифестираат во постојаните политички интриги и акробатиката што ја прават пред јавноста, пишува во остриот материјал на грчкото издание Kathimerini против политичката класа во Грција.

Но, сето ова не е доволно да се води држава која се соочува со големи предизвици и закани.

Компромис со европските партнери на земјата е едно, а перцепцијата на европски стил на управување е сосема друго.

Не успехот стана болно евидентен во последниве денови. Нивната желба за политичка доминација доведе до институционални ексцеси и злоупотреби кои иницираа сериозни прашања во врска со реториката на владата дека Грција оди по патот кон нормалноста.

Во меѓувреме, надворешните закани се зголемуваат. Сега ни треба визија и консензус меѓу политичките сили.

Но, најголема нужда сега имаме од влада која не се однесува на политичките ривали како непријатели кои треба да бидат ликвидирани и кои се способни да признаат дека вонредните околности диктираат усвојувањето на различно однесување.