Збирката раскази „Животот е…убав“ од Коста Милков ќе биде промовирана вечер во „Литературно кафе Метаноја” во Скопје.
Книгата е во издание на „Метаноја“, а ќе ја промовираат Оливера Ќорвезироска и Владимир Мартиновски.
Избор од расказите ќе читаат Ана Голејшка и Ѓоко Здравевски. Промоцијата ќе биде збогатена со музички илустрации од Драган Даутовски.