Падна снег сред лето, на некои места и до 50 см

од desk2
106 прегледи

Снегот оваа година изненади жители на многу места на кои оваа појава не е вообичаена.

Откако забеле песокот во Сахара, снегот ги изненади и Новозеланѓаните и тоа на сред лето.

Циклон од четврта категорија наречен Гита донесе во Нов Зеланд големи дождови и снег во повисоките предели.

Ветровите дуваа со брзина од 140 км/ч, а за само 18 часа паднаа повеќе до 200 мм дожд, што е третина до годишниот просек.

https://twitter.com/flaxworxNZ/status/966018796434501637

Скијалиштето Коронет Пик е приекриено со 15 см снег. Менаџерот на скијалиштето Рос Лоренс рече дека на некои места има и до 50 см снег, пишува Дејли Мејл.

„Сетете се дека е февруари, сонцето наскоро ќе излезе“, вели тој.

Повеќе од 6.000 луѓе останаа изолирани од светот, а повече илјади останаа без струја. Поради бурата затворени се и повеќе од 120 училишта.

https://www.youtube.com/watch?v=RZZTrhCS12I