Први уметници биле неандерталците, тврдат археолози

од desk2
97 прегледи

Нови научни откритија во шпанските пештери, претставуваат до сега, најсилен докаж дека неандерталците први почнале да се занимаваат со уметност.

Главното откритие претставува староста на некои пештерски цртежи и декорации на школките.

Европските истражувачи откриле дека тие дела се створени пред современиот човек (homo sapiens) и дека во прашање се неандерталци, праисториски луѓе кои населувале дел од Европа и Азија.

До сега се сметаше дека првите пештерски слики ги направиле хомо сапиенсите.

Пештерските слики се стари околу 65.000 години, а декорациите на школките околу 115.000 години кога живееле неандерталците, се наведува во студијата објавена во најновото издание на магазинот (Science).