(Видео) Хрватска затрупана во снег, а сега и ќе смрзне

од desk2
72 прегледи

Голем дел од Хрватска во изминатото деноноќие беше покриена со снежна прекривка, која го отежнуваше сообраќајот во Лика, Горски Котар, северозападна и средна Хрватска, Славонија и дел од Далмација. На некои места има 3 метри снег, а температурите се спуштија до -20 степени.

Заради ниските температури можна е голомразица на сообраќајниците, особено на мостовите и на надвозниците. Возачите се предупредуваат да не тргнуваат на пат без зимска опрема, а ако е можно да го одложат патувањето.

Орканската бура превртуваше камиони во Приморје, а во Делнице и во Брод нема настава во училиштата.
Проблемите не го заобиколија железничкиот сообраќај, па возот што во средата тргна во 21.43 од Сплит кон Загреб, сѐ уште не беше стигнал на одредницата.