Луѓето ќе имаат прилика да го истражат Марс во наредните 20 години благодарение на претприемачите како Илон Маск, изјави британскиот астронаут Тим Пик.

Успешното лансирање на ракетата Фалкон Хеви овој месец означи нова ера во истражувањето на вселената која е многу возбудлива, смета Пик.
Додава дека од вселенските агенции процениле дека луѓето би можеле да се најдат на Марс кон крајот на триесеттите години, но тоа може да се случи и порано.
Бидејќи Русија и САД работат на стварање лунарна орбитална станица под име Дип спејс гетавеј и праќање астронаути во Месечевата орбита со помош на нови ракети, Пик верува дека тоа може да биде клуч за идните истражувања на вселената.
„Влегуваме во нова ера на ситражување на вселената која е многу, многу возбудлива“, вели Пик, кој својата мисија на Меѓународната вселенска станица ја заврши во 2016 година, пишува Independent.

„Дип спејс гетавеј веројатно ќе почне да се градфи во 2022 година. Тоа е нешто на што навистина се рабувам, затоа што отвора пат за лунарни слетувања.
„Луѓе на Марс? Мислам дека тоа ќе се случи во 30-тите години. Тоа е она кон што тежат сите вселенски станици“.
Додава дека комерцијалните летови како оној на Илон Маск, може да го забрза времето на чекање првиот човек да слета на Марс.
„Ги видовме амбициите на Маск. Постојат уште неколку компании со амбициозни луѓе чија намера е да пратат луѓе на Марс. Можеби некои од нив ќе го направи заминувањето на човекот на Марс поблиско. Реална временска рамка се доцните 30-ти“, заклучува тој.