Голем број училишта во северна Грција ќе бидат затворени во понеделникот и вторникот, објавија локалните медиуми.

Причината е лошото време и очекуваните обилни снежни врнежи.

Властите известуваат дека градинките ќе работат нормално. Луѓето се повикани да излезат добро облечени.

Службите  за чистење на главните патишта се мобилизираат .