(ГАЛЕРИЈА) Ќерката на Мајкл Џексон се вљуби во манекенка

од desk4
132 прегледи

Ќерката на Мајкл Џексон и познатата манекенка Кара Делавин и официјално извесно време живеат заедно, а на фотографиите  се гледа како тие се држат за раце и тоа е доволно да се забележи дека меѓу нив има нешто повеќе од пријателство, пишува Дејли Меил.

Како што пишуваат светските сајтови, Парис и Кара се запознале минатата година на далеку познатите музички MTV награди , а потоа биле забележани како го напуштаат ноќниот клуб.

И само што гласините се беа стишени, двете убавици биле видени во Лондон. Тие заедно биле на вечера, а потоа отишле на концерт и конечно дошле во хотелската соба.

Дејли Меил пишува дека Парис и Кара се многу блиски, а пример за тоа е дека ќерката на кралот на поп музиката објави нао Инстаграм фотографија, на која се заедно на нивното патување во Лондон.