Овчар спаси германски туристи кои цела ноќ останаа заробени во пештера на Тенерифе

од desk2
131 прегледи

 

Осум туристи од германија цела ноќ биле заробени на плажата Маска на Тенерифе, откако островот беше погоден од невреме. Тие биле присилени да преспијат во пештерата.

Туристите до плажата стигнале преку непристапен терен по планини, каде го поминале денот, но кога стигнало невремето сфатиле дека нема да можат да се искаќат по сотрите падини, за да се вратат назад.

Тие им јавиле наспасувачките служби во 18.30 часто во неделата дека се заробени.

Спасувачки тим составен од пожарникари, цивилна гарда и спасуваќи од Црвениот крст не биле во можност поради лошото време да им помогнат со брод или со хеликоптер.

https://twitter.com/CarreterasGC/status/967832197813231616

Исто така, не можеле ни да се симнат поради поројните дождои и силните ветришта по патеката по која дошле туристите.. Така, туристите останале на плажата и морале да се скријат во пештера, водени од локален овчар, јавуваат медиумите на Канарските Острови.

„Побезбедно беше да ги оставиме да преспијат таму. Спасувачка акција спроведовме во понеделник со бродови“, вели министерот за територијална политика, одржливости и безбедност.

Екстремните врмеенски услови на Канарските осторви за време на викендот предизвикаа поплави, лизгања на земјиште, а снема и струја. Беа откажани летови.