Викторија Бекам воопшто не ги пере фармерките

од desk2
106 прегледи

Викторија Бекам, поранешна членка на Spice Girls, упсешна дизајнерка и сопруга на славниот фудбалер Дејвид Бекам. ги шокира обожавателите кога ја сподели информацијата дека воопшто не ги пере нејзините фармерки.

Викторија во последно време најмногу носи кежуал комбинации во кои преовладуваат фармерки со удобни кроеви за кои вели дека се темел на секој моден стил и дека може да се комбинираат со разни облеки.

Кога станува збор за перењето вели дека воопшто не ги пере, освен кога децата ќе истурат нешто на нив или кога ќе забележи некоја флека. И тогаш ги пере на раце, а не во машина. Инаку, само ги обесува за да не го изгубат обликот.