Вучиќ: Влезот на Србија во ЕУ е внатрешно прашање

од Vladimir Zorba
79 прегледи

Вукиќ му рече на Јункер дека членството на Србија во ЕУ е внатрешно политичко прашање.

 

“Србија гледа многу пречки на патот кон ЕУ и конечен избор во оваа област е внатрешно прашање на земјата”, објави синоќа претседателот на оваа балканска земја, Александар Вучиќ за време на заедничката прес-конференција со претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер.

“Знаеме дека сме соочени со сериозни избори, а нашата конечна одлука е нашето внатрешно прашање”, рече српскиот лидер, цитиран од ТАСС. Досега Брисел истакнуваше и постојано повторува дека за пристапувањето на Србија во ЕУ е потребно земјата да го реши прашањето за Косово, потпишувајќи “правно обврзувачки документ”. Според Вучиќ, ова е најтешкиот дел од обврските на Белград за Брисел.