Спасен возачот што висеше над Морава два часа, со смрзнатини префрлен во болница

од desk2
80 прегледи

Возачот на камионот кој висеше над реката Морава во Србија безбедно е извлечен од кабината, без повреди, но е хоспитализиран во најблиската болница поради смрзнатини и претрпениот стрес.

Возачот изгубил контрола над камионот поради замрзнатиот автопат и ја пробил оградата на мостот над реката Велика Морава, во реонот меѓу Ќуприја и Јагодина. Цели три часа висеше над реката заробен во возачката кабина. Сега ќе се извлекува камионот, но постои опасност тој да се урне во реката. На овој линк погледнете како изгледаше оваа драматична ситуација.Спа