Манекенката Кендал Џенер се најде на мета на фановите и минатиот месец на доделувањата на “Златните глобуси”. Иако воодушеви со црната тоалета, доби критики поради акните на своето лице.
Припадничката на кланот Кардашијан-Џенер објави црно-бели фотографии на кои е целосно гола, а ги направи фотографката Саша Самсонова. Иако Кендал се обиде да биде секси и провокативна, нејзините фанови се сконцентрирале само на нејзините стапала, забележувајќи дека се многу чудни.
„Колку страшно. Сите прсти на нозете и се чудни и многу долги“, коментираат фановите на 22-годишната Кендал.
https://instagram.com/p/BfoOhsgjA32/?utm_source=ig_embed&utm_campaign=embed_ufi_test
“Зошто ти се такви стапалата? Ме вознемируваат додека ги гледам”, пишуваат фановите под фотографијата. Додаваат дека изгледаат застрашувачки и дека прстите на нозете и се подолги од тие на рацете. Истакнуваат дека тој детаљ ја уништува беспрекорната фотографија, а има и такви кои напишале дека нејзините стапала се прекрасни. Исто така
забележале дека Кендал и останатите припаднички на нејзиното семејство сакаат да се фотографираат голи. Некои фанови се загрижија за здравјето на манекенката.
“Ќе добиеш хемороиди затоа што седиш на студен бетон”, ја предупреди Кендал еден фан. Таа позира на бетонски скали, притоа покривајќи ги градите со раце, а нозете ги прекрсти за да го покрие интимното подрачје.
https://instagram.com/p/BfoOoo3jPPj/?utm_source=ig_embed&utm_campaign=embed_ufi_test
Манекенката се најдеа на мета на фановите и минатиот месец на доделувањата на “Златните глобуси”. Иако воодушевила со црната тоалета, добила критики поради акните на лицето. Некои фанови ја поддржаа и рекоа дека им е инспирација.
“Кендал Џенер изгледаше како прекрасна ѕвезда, а нејзините проблеми со акните секој треба да ги разбере”, истакнале тие. Манекенката одговори дека таквите работи никогаш не треба да бидат пречка во животот. Кендал претходно на својот блог пишуваше за маките со акните.

“Во еден момент ми ја уништија самодовербата. Не можев да ги гледам луѓето во очи додека разговарам со нив и притоа со раце го покривав лицето”, рекла Џенер.
