Како е направена првата аутопсија на вонземјанин во СФРЈ? (Видео)

од desk2
234 прегледи

Снимка на која хирурзи наводно изведуваат аутопсија на вонземјанин пред седум години ја вознемири јавноста.

Според таа снимка, леталото во ноемви 1966 година паднало кај градот Оточец во Словенија, по што вонземјанинот е врефрлн на Военомедицинската академија во Белград. Тогаш е направена првата обдукција на вонземјанин во СФРЈ, се тврди во триминутното видео кое ја возбуди јавноста.

Обдукцијата ја направија хирургот Андреј Зоболи и патолозите Никола Јулиќ и Зоран Федериќ, а целата процедура е снимена. Фотографиите од обдукцијата наводно гисочувал внукот на еден од хирурзите, а на интернет се појавија во 2011 година.

Една од приказните кои се појавија е дека телото на вонземјанинот личело на Јосип Броз Тито, кој потоа на припадниците на УДБА им наредил по никоја цена да не дозволат информациите да протечат во јавност.

Новинарите ја истражувале случката, но не откриле никави документи за тоа, а лекарите спомнати во настанот никогаш не работеле во болницата. Испитувајќи преку видеото, место Словенецот Андреј Зоболи, кој ја открил вистината за тоа.

„КОга во 1999 година чув дека здружението скептици CICAP објавило конкурс за фотографија на лажно суштество, одлучив да снимам аутопсија на вонземјанин. Кожата ја наптавив од гума, а за очи користев привезоци кои ги пораќав преку едно американско хорор списание, открива Зоболи, кој сцената во вонземјанинот ја снимил во чекална на стоматолошка ординација, пријател што му ја позајмил опремата.