Кинезите прават носач на авиони што ќе плови 20 години без полнење гориво

од desk2
65 прегледи

Кина планира да изгради носач на авиони на нуклеарен погон што ќе може многу долго време да остане на отворено море.

„South China Morning Post“ објави дека корпорацијата „China Shipbuilding“ неделава соопштила дека почнала со подготовки за градење на носачот.

Оваа компанија беше ангажирана за комплетното реновирање на првиот кинески носач на авиони „Liaoning“ што од Украина стигна како празен труп, како и за изградбата на единствениот носач произведен дома, што според очекувањата треба да заплови кон крајот на годинава. Овие два бродови работат на погон на конвенционално гориво.

Соопштението на кинеската корпорација го пренесоа сите медиуми во континентална Кина, објави „Associated Press“ и додава дека редакцијата не успеала да го најде ова соопштение на веб-страницата на компанијата.

Нуклеарните носачи на авиони, како „Nimitz“ на американската морнарица, може да поминат 20 години на отворено море без дополнително полнење гориво.

https://www.youtube.com/watch?v=69HJjS_PuGc