Јункер: Ние не ја принудуваме Србија да избере меѓу Русија и ЕУ

од Vladimir Zorba
102 прегледи

Претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, рече дека не ја принудува Србија да направи избор меѓу Русија и Европската унија. “Не сум сакал Србите да направат избор, бидејќи тие треба да имаат добри односи со Русија и iисто  толку добри односи со Европа, доколку тоа е можно”, изјави шефот на Европската комисија во интервју за “Еуроњус”.

На 16 февруари, во интервју за “Еуроњус”, рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека претставата Србија да направи избор за развој на односи или со Русија, или со Западот, е истата, која доведе до украинската криза.

Според Јункер, не е можно Србија да се споредува со Украина, а процесот на европска интеграција не е насочен против кого и да било. “Сите партнери во регионот спроведуваат координирана надворешна политика, но Србите имаат различен став, бидејќи не се приклучуваат кон процесот на санкции”, посочи Јункер.

Во исто време тој рече дека критериумите за пристапувањето кон Европската унија,  за Србите “исто така е неопходно да се донесе својата надворешна политика во согласност со останатите земји.”