Карло Анчелоти е фаворит на букмејкерите за наследник на Арсен Венгер во Арсенал, откако ерата на Французинот на „Емирати“ практично е завршена.
Двата тешки порази од Манчестер Сити со 0:3 конечно довела до загуба на довербата од бордот на директори кон тренерот и очекувањата се конечно тој да ја ослободи функцијата, иако дел од навивачите сакаа тоа да се случи доста порано.
Анчелоти во моментов е без работа, што го прави многу добар избор, а освен тоа има искуство од англискиот фудбал, откако пред неколку години работеше во Челзи и го изведе тимот до титулата во 2010.
Постојат меѓутоа и други опции, а една од нив е поранешниот играч на Арсенал, Патрик Виеира кој собира искуство како тренер на Њујорк Сити. Поранешниот негов соиграч, Реј Парлоу повика токму Виеира да го наследи Венгер, а и 41-годишниот млад тренер веќе го продаде имотот во САД, што исто така ги засили гласините дека тоа е можно да се случи.
Меѓу споменуваните имиња за функцијата во Арсенал се уште Јоаким Лев, Микел Артета, Диего Симеоне, Брендан Роџерс, Луис Енрике, Масимилиано Алегри и Тиери Анри, па ќе биде многу интересно на кого ќе се запре раководството.