Зошто по сто пати гледаме иста серија или филм?

од desk2
90 прегледи

Дали ви се случило на телевизија да е пуштена реприза од вашата омилена серија, а вие да ја гледате со големо внимание иако ја знаете секоја реченица напамет? Или после напорен ден да си пуштите филм кој сте го гледале по 100 пати?

Не грижете се, не сте единствени. Причина може да биде едноставно фактот дека тоа дело многу ви се допаѓа, но во позадина се кријат уште неколку објаснувања.

Како што некои посегнуваат по брза храна кога им е тешко, други во моменти на тага и меланхолија, се свртуваат кон познати херои, сцени и предвидлив крај, што има смирувачки ефект во овој свет полн со непредвидливости.

Дел од одговорот лежи и во навиките, луѓето многу од работите ги прават автоматски, па така ако видиме епизода од омилената серија на телевизија, ние автоматски седнуваме да ја гледаме бидејќи многу пати претходно сме го правеле истото.

По теоријата „статус кво“, луѓето се држат до порано донесените одлуки, бидејќи носењето на нови ментално ги исцрпува.

Така, според наведениот пример, ако знаеме дека таа серија е смешна, тогаш сме сигурни дека со неа ќе се забавуваме и опуштиме, што не е сигурно ако ризикуваме со некоја нова.

Гледајќи одредени серии, се сеќаваме на своето детство, младост, моменти кои сме ги поминувале со лицата со кои сме ги гледале.

Тие не асоцираат на некои други безгрижни времиња и драги луѓе, па поради тоа ги гледаме и неколку години, па дури понекогаш и по неколку децении по премиерата.