(ВИДЕО) На плажа пронајдено шише со порака стара 132 години

од Vladimir Zorba
102 прегледи

  

Шетајќи се по австралиската плажа Веџ Ајланд, Тониа Илман налетала на старо шише кое, кога му се доближила, видела дека носи порака. Застанала бидејќи шишето и се допаднало и посакала да го земе и да му најде место во својот стан.

Таа го зела шишето, го однела дома, ја извадила пораката и со голема вчудоневиденост открила дека пораката датира од 1886 година.

Пораката е всушност германски формулар на кој стои датумот 12 јуни 1886 година. Шишето било фрлено од германски брод на 950 км од австралиската обала.

Целта на пораката во шише фрлено во море била научна. Во далечниот 19 век, германската океанска опсерваторија од Хамбург ги изучувала морските пловни текови и правела експерименти во таа насока.

Пораката од 1886 година

Пораката се наоѓа во шише од холандски џин. Оваа порака во шише фрлено во мора е најстарата било кога пронајдена.

Откритието му е доверено на музејот на Западна Австралија.