Пронајдени најстарите тетоважи на светот, преживеале 5 милениуми

од desk2
114 прегледи

Најстарите тетоважи на светот откриени се на египетски мумии стари дури 5.000 години, објавено е во археолошкиот магазин „Весник на археолошката наука“.

Тетоважите на див бик и берберска овца пронајдени се на надлактица на машка мумија, додека на раменото и надлактицата на женска мумија најдени се мотиви во облик на буквата „С“, пренесе BBC.

Ова откритие ги поби претходните докази дека првите тетоважи се работени пред 1.000 години во Африка. Исто така надминато е уверувањето дека само жените се тетовирале во Египет во 3100 година пред новата ера.

„Истетовираните симболи се навистина неверојатни“, вели еден од главните археолози на проектот за истражување на египетски мумии Даниел Антоан.

Антоан објасни дека истетовираните животни на машката мумија укажувааѕ на статус, моќ и полова зрелост.

Бикот и берберската овца често се застапени симболи во уметноста од древен Египет.

Од друга страна, симболите „С“, истетовирани на женската мумија, најмногу се користени како декорација на керамиката од тоа време.

https://www.facebook.com/magdalenaskytattoos/posts/1878882358864546