Повеќе норвешка литература од кога и да е е преведена од норвешки на други јазици. Особено Германија покажува голем интерес за превод на норвешки романи.

„Дури 538 книги беа преведени на 44 странски јазици во 2017 година. Тоа беше најдобрата година за продажба на норвешка литература“, вели Маргит Валсо, директор на Центарот за норвешка литература во странство (NORLA).
Норвешка ќе учествува на Франкфуртскиот саем на книга в година, најголем настан на кој учествувал NORLA до сега.
Валсо верува дека можат да го зголемат интересот за норвешка литература на уште поголемо ниво.
Историја на пчелите од Маја Лунде во Германија беше на врвот од листата во 2017 година во Германија.
Други автори како Даг Солстад, НИна Лике и Терје Драгсет исто така добро поминуваат во Германија.
„Еден од нас“ на Асне Сеиерстад, која ги обработува настаните од нападот на Андрес Брејвик во 2011 година и неговото судење, неодамна ја освои Наградата на најдобра книга на Лајпциг.
Следни јазици на кои норвешките книги се најпреведувани се Дански, Англиски, Шведски и Шпански.