Шерон Стоун се бакнува со 19-години помлад маж

од desk2
92 прегледи

Познатата актерка Шерон Стоун го прослави 60-тиот роденден во друштво со своето момче Анџело Бофа.

Ѕвездата на филмот „Ниски страсти“, американската актерка Шерон Стоун, отпатува заедно со новиот партнер во Мајами.

Двајцата го прославија нејзиниот роденден, а топлото време го искористија за сончање на плажа, но и за врели допири кои ги снимија папараците.

Таа и нејзиниот 19-години помлад дечко, италијански бизнисмен Анџело прв пат се забележани заедно годинава во јануари во Њујорк. По тоа, филмската ѕвезда во едно интервју рече дека повторно е среќна и вљубена, не сакајќи да го открие идентитетот на својот избраник.

https://instagram.com/p/BgJBcRnnZky/?utm_source=ig_embed

https://instagram.com/p/BgJKNJeHODc/?utm_source=ig_embed