Пишување рачно или на тастатура – што е подобро за мозокот?

од desk2
121 прегледи

На универзитетите Принстон и Лос Анџелес биле спроведено низа на истражувања за да се открие влијанието на лист и пенкало, односно тастатура, на нашиот мозок.

Според овие истражувања, пишувањето на хартија, наместо на компјутер, повеќе го развива мозокот и помага подобро да го разбереме материјалот.

Студентите кои белешките ги запишувале со молив или пенкало, подобро го паметеле напишаното, а се покажало и дека биле подобро подготвени за прифаќање на нови идеи.

Во друго истражување, спроведено на Универзитет во Индијана, научниците ги скенирале мозоците на децата кои пишувале рачно, како и на оние кои пишувале на тастатура.

На крај, се покажало дека мозочната активност била поразвиена кај децата кои рачно пишувале.

Психолози и невролози им препорачуваат на родителите да им ја ограничат употребата на тастатура на своите деца, како и тоа повеќе да им даваат да пишуваат рачно, односно да користат моливи, пенкала, четки, бои, за да се развијат не само мозокот и креативноста, туку и моториката.