Многу агенти и политичари ширум светот се убиени на најбизарни начини – со чадор, шолја кафе, цигари или гас. Целото тоа е користено за убиства на луѓе кои претставувале пречка за одредени центри на моќ.

Познат е случајот со Александар Литвиненко, руски агент кој побегнал во Лондон, за кого се верува дека настрадал од шолја чај, која ја испил во еден бар. Наводно, во прашање е радиоактивен полониум 210.
Една цигара со нервен отров ботокс била наменета за некогашниот лидер Фидел Кастро, како и шејк од чоколада „збогатен“ со отровни таблети.
Постоеја и многу други обиди за атентат.
„Имагинацијата“ на американските агенти не знаеше за граници, кога станува збор за плановите кои ги кроеле околу атентат на Кастро.
Посебно е необично убиството на бугарскиот дисидент Гоерги Марков, кој во 1978 година бил убиен на многу необичен начин – со чадор.
Одејќи по мостот Ватерло во Лондон, тој наеднаш почувствувал убод во ногата. Три дена подоцна починал. На врвот на чадорот со кој бил погоден, се наоѓало топче со отров.

Кон крајот на педесеттите години од минатиот век, агентот на КГБ Богдан Сташински убил двајца украински националисти со посебен пиштол, на тој начин што од непосредна близина им го испрскал лицето со отровен цијанид.
На аеродромот во Куала Лумпур неодамна почина Ким Џонг Нам, полубратот на севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун. Две жени нанеле боен отров на неговото лице, кој ги напаѓа нервите и ја попречува работата на респираторниот систем.
Некогашниот руски агент Сергеј Скрипал во неделата, на 4 март, пронајден е мртов во Солсбери, на југ од Велика Британија, без свест. Се верува дека дошол во контакт со нервен гас.
За најголемиот број од овие случаи никогаш не е докажано кој е нарачателот или извршителот, бидејќи тие убиства се извршени професионално, и најчесто, без сведоци.