Пекар во Франција ќе плати казна од 3.000 евра оти многу работел

од desk2
128 прегледи

Француски пекар треба да плати казна од 3.000 евра, не затоа што ставил нешто недозволено во багетот, туку затоа што работел многу.

Французите се познати по тоа дека ценат баланс меѓу работата и приватниот живот, но еден пекар сега ќе ја плати цената.

Седрик Вев треба да ја плати казната затоа што во летото 2017 година работел секој ден во неделата.

Но, локалниот синдикат го фатиле, и сега е казнет затоа што не правел еден ден одмор во седмицата, како што тоа го прават другите во заедницата.

Сепак, жителите и градоначалникот го поддржуваат Вев, па потпишаа петиција да му се прости казната.

Неговата пекарница се наоѓа во туристиќко место, па тие сметаат дека како што може бутиците и другите продавници во туристички места да продаваат секојдневно, може и тој да пече леб секој ден за време на летото.

Ваквата казна не е прва во Франција, со иста мерка беа казнети и пекарите на југот од земјата во 2015 година.