Вратата на руски товарен авион “An-12” кој превезувал вредни метали случајно се отворила при полетувањето. Од авиното случајно испаднале три тони злато.

Авионот полетувал од Јакутск на далечниот исток на земјата, пренесе Тасс, додавајќи дека по пистата било расфрлено злато. Истрагата за инцидентот е во тек.
Авионот “An-12” на авиокомпанијата “Nimbus” полетал денеска од Јакутск за Краснојарск со 9.3 тони злато и други драгоцени метали, според соопштението на Истражниот одбор.
Според првичните извештаи најдени се 172 прачки злато со тежина од 3,4 тони. Авионот безбедно слеталво Маганна 12 км од Јакутск, во него имало 5 члена на екипажот и никој не бил повреден.
Фотографии од расфрлените прачки злато по пистата се појавија на социјалните мрежи.
Russian Plane Loses Gold Bars Worth $378 M After Door Breaks: https://t.co/E0xtYZaCoB
— jamal uddin (@Jamalctg04Jamal) March 15, 2018