(Видео) Робот решава рубикова коцка за 0,38 секунди

од desk2
334 прегледи

 

Неверојатен робот може да реши рубикова коцка за само 0,38 секунди, што е нов рекорд.

Видеото објавено на YouTube прикажува коцка во нерешена состојба, а потоа роботот ја решава за 0.38 секунди.

Роботот го направиле Бен Кац и Џаред Ди Карло, а се состои од шест Kollmorgen ServoDisc U9-series мотори и две PlayStation Eye камери. Системот ја чита коцката и ја решава со молневита брзина.

Тимот користи уникатна AND плоча за да осигура дека секој мотор се движи засебно, а не во исто време, што би довело до распад на системот. Користи и min2phase алгоритам за решавање на коцката во 21 потег. Со мало подесување роботот може да стане и побрз.