Астрономите открија еднаква законитост за сите галаксии

од desk2
134 прегледи

Астрономите, на сопствено изненадување, открија дека сите галаксии во вселената, без оглед на големината, ротираат со иста брзина и дека една ротација изнесува приближно милијарда години.

На Змејата, должината на денот се мери со една ротација на планетата околу својата оска, годината со ротација околу Сонцето. Она што е интересно е што до сега не беше забележано е тоа дека ѕвездите на екстремни периферии на галаксиите околу центарот на својата галаксија се движат за „една година“ која трае милијарда години.

За нашето Сонце, една ротација околу средината на нашата галаксија Млечен пат, трае околу 225 до 250 милиони години, така што ротацијата не е иста за сите тела, а зависи од нивната оддалеченост од центарот.

Водечкиот научник на истражувањето Герхард Меурер вели дека откритието за воедначено ротирање на галаксиите е прилично чудно.

„Помислив дека тоа е прилично чудно. Малите и големите галаксии сите ротираат за исто време“, вели тој.

Истражувачите пронашле и дека постарите ѕвезди се наоѓаат поблиску до работвите на галксиите, а се очекуваше таму да има новоформирани ѕвезди.

Според досегашните теории, галаксиите се развиваат во подолг временски период и постепено се шират, при што постарите ѕвезди го заземаат местото облиску до центарот на дискот.

Според Меурер ова откритие ќе им помогне на астрономите да сфатат каде галаксиите завршуваат.

Резултатите од истражувањата се објавени во магазинот „Месечни записи на Кралското астрономско друштво“.