Акцелератор е машина која ги забрзува честичките до речиси брзината на светлината. Направен е во триесеттите години од минатиот век, за истражувања во нуклеарната физика, а доведе до откритие на нови честички, како Хигсовиот бозон.

Рускиот научник Анатолиј Бугојски работел во седумдесеттите години како истражувач на Институтот за високоенергентска физика, во која се користел со советскиот акцелератор наречен сихротрон У-70.
Бугорски на 13 јули 1978 година ја ставил главата во синхотронот да провери дел кој не работел, кога одеднаш чул необичен звук, како „зап!“.
Безбедносниот механизам на акцелераторот попуштил во погрешен момент, така што протон со енормна брзина поминал точно низ главата на научникот.
Покрај тоа што не почувствувал болка, Бугорски наведува дека видел „молња посилна од илјада Сонца“.
Протонот го погодил задниот дел од неговата глава, поминал низ неговиот мозок, и излегол покрај левата ноздра.
https://www.facebook.com/curiositydotcom/posts/1993287707365703
Лицето на научникот набрзо отекло како балон, па е веднаш пренесен во болница, како и на лекување, така и на проучување, со оглед на тоа дека до тогаш ништо слично на никого не му се случило.
Во тоа време лекарите со причина верувале дека Бугорски ќе умре за неколку дена.
Дозата на радијација која ја апсорбирала главата на научникот се мери со грееви. Јачината на зракот кој ја погодил неговата глава изнесувала 2.000 греа при влез и 3.000 греја при излез. Само за споредба, апсорпција на повече од 5 греја значи смрт во рок од 14 дена.
Бидејќи никој до тогаш не се сретнал со радијација во вид на протонски сноп, лекарите се подготвувале за најлошото.
Сепак, Бугорски преживеал значително подолго од неколку дена. Живе е денес и има 75 години.
Сепак, оваа незгода не поминала без последици, пишува Куриозити.
https://www.facebook.com/TheBreakfastLab/photos/a.1457784334438152.1073741828.1455871227962796/1466294273587158/?type=3
Околу дупките кои настанале на главата на Анатолиј, кожата во рок од неколку дена се излупила.
Научникот го изгубил слухот на левото уво, а денес константно доживува тинитус – чувство на звук крај увото без надворешна дразба.
Левата страна на неговот лице на некој начин останала „заробена во времето“. Додека на десната има брчки, другата страна е совршено очувана.
Бугорски до сега претрпел шест тонично-клонични напади, контракции на мускулите по коие следи испружување со лачно кривење на рбетот во траење од 10 – 30 секунди. Има и апсанс напади кои се одликуваат на почетокот и на крајот со губење на свеста и испад на други ментални функции, со минорни моторни знаци. Станува збор за две различни епилепсии.
Женет е со Вера Николајевна, со која го има синот Петар.