ВИДЕО: Сопругот на пратеничката Ременски објави снимка од демонстрантите пред нивниот дом

од Vladimir Zorba
234 прегледи

Сопругот на пратеничката Фросина Ременски, Јовче, на својот Фејсбук профил објави видео од демонстраните кои синоќа  беа собрани пред нивната куќа.

„Жално Македонијо, Жално ќе ве замолам убаво ислушајте ги недоличните коментари 23 години работам во полиција и штитам народ и држава“, напиша тој на Фејсбук.

Синоќа  група демонстранти се пред куќата на пратеничката од СДСМ, Фросина Ременски во скопско Бардовци, за да го изразат незадоволството од гласањето во Собранието за Законот за употреба на јазиците.

Нејзиниот имот е обезбедуван од полицијата.

Пратеничката Фросина Ременски синоќа  на својот Фејсбук профил реагираше за насобраните.

 „Во координирана организација со ВМРО-ДПМНЕ, ОК на нивната партија од Карпош на чело со поранешниот и сегашниот претседател на ОК Карпош Сашо Лазаревски и Тони Јаревски (актуелен советник во Карпош), заедно со позната група на партиски активисти вечерва “протестираа” со отров во устата и душата пред мојот дом. Нема да чекам никој да поднесе кривична пријава. Тоа ќе го направам јас лично со се што поседувам како доказ за кажаното.  Тој фашизам и безобразлук ќе си го практикувате дома, зошто кај мене нема да ви помине.
 Од вечерва сум и Македонка, и Албанка, и Турчинка, и Ромка, и Босанка, и Влаинка и Србинка …, викајте ме како сакате, затоа што знам дека, им сакам добро на сите без разлика на вера и етничка припадност. Вие сте вистинските и упорните гробари на иднината и мирот на земјата и верата во која се колнете“, напиша Ременски и ги објави следните фотографии:

Image may contain: 9 people, people smiling, crowd and text

Image may contain: 5 people, people smiling, people sitting

Image may contain: 5 people, people smiling, people standing

Image may contain: 1 person, text

Претходно, демонстранти беа пред домовите на повеќе пратениците од СДСМ, а во Виница беше запален автомобилот на пратеничката Славица Шуманска – Митева од СДСМ.