Во Македонија почнаа агресивно да се лиферуваат класични лажни вести преку опозициските сајтови, на кои до вчера тоа не им се случуваше. Платениците ја надминуваат фазата на пропагандисти туку се пренасочуваат на класични лажни вести.Така беше со вчерашната вест за рушењето на споменикот на Александар на плоштадот Македонија во Скопје. Тоа донесе не толку голема маса на протестанти кои демек ќе го бранеле споменикот.

Откако група граѓани се собраа на плоштадот „Македонија“ во центарот на Скопје за да го одбранат споменикот на Александар Македонски, односно „Воин на коњ“, од наводно отстранување, единствено со реакција се јавија и Министерството за култура.