Граѓанин на Аргентина го сменил полот за да може да се пензионира 5 години порано , објавија локалните медиуми, цитиран од АФП.
59-годишниот даночен службеник, Серџо, стана Серџа по пат на документи за да може да се пензионира на возраст од 60 години како жена наместо на 65 години како маж . Законот во државата дозволува такво нешто.
Според локален сајт 59-годишниот разведен маж кој живее според семејни принципи со млада жена, ја злоупотребил регулативата , бидејќи тој закон е за травестити кои сакаат да го сменат полот по граѓанска состојба, без да се подложуваат на операција за промена на полот.