Сообраќајна несреќа и го спасила животот

од desk2
77 прегледи

Сообраќајна незгода која се случила минатиот месец во Сакраменто, Калифорнија веројатно и го спасила животот на една млада девојка.


Студентката Ејми Грин и нејзиното момче во февруари излетале од патот во близина на градот Сакраменто во Калифорнија. Во несреќата минале речиси без повреди, но лекарите решиле да направат снимка на мозокот на Ејми, која покажала дека таа има мозочен тумор.

– Изминативе неколку години постојано имам мигрена, но никогаш не помислив дека се работи за нешто посериозно. Мигрената е честа појава во моето семејство, па затоа мислев дека е нешто наследно, изјави девојката за весникот „Дејли Меил“.

Лекарите велат дека туморот е откриен навреме, а операцијата за негово отстранување ја планираат за идниот месец, во зависнст од тоа колку бргу девојката ќе се договори со осигурителната компанија.