Ратко Младиќ ќе поднесе жалба на пресудата за воени злосторства и геноцид

од Vladimir Zorba
102 прегледи

  Поранешниот воен лидер на босанските Срби Ратко Младиќ денеска поднесе жалба против донесената пресуда за доживотен затвор за геноцид, злосторства против човештвото и воени злосторства, изнесена во ноември минатата година од Хашкиот трибунал.

Адвокатите на Младиќ, кој уште се нарекува „касап на Балканот“, побарале од „Апелацискиот суд да ги отфрли сите погрешни судски одлуки“ и да го ослободи нивниот клиент.

Истовремено, обвинителството поднесе жалба, со која се бара од Трибуналот да го прогласи Младиќ за виновен во второто обвинение за геноцид.