големо внимание во јавноста, поради изјавата на неговата колешка Пем Дабер со која заедно глумеа во ситкомот “Морк и Менди”.

Во книгата за 66 годишниот Робин, глумицата се потсетува и на неговото лошо однесување за време на снимањето.
“Ми ги правеше најодвратните работи, но не бев навредена. Ми ги покажуваше гениталиите, ме удираше…Мислам дека тоа му го правеше на сите, но беше многу забавно”, вели глумицата.
Без разлика на тоа, таа истакнува дека Вилијамс беше “магична” личност, поради што не му замерувала на однесувањето, додавајќи дека навистина уживала кога ја “малтретирал”.
“Го имаше тој шарм. Кога тоа ќе го ставиш на лист хартија, ќе се воодушевиш. Сепак, имаше нешто во него, тие сјајни очи. Ќе ме гледаше како кученце, а потоа ќе ме допреше за градите и ќе побегнеше. Со тоа можеше да се избориш. Покрај сè, такви беа 70 – те”.

Дека Робин тоа го правеше без некоја конкретна цел, потврди и продуцентот Хауард Сторм.
“За време на снимање на одредена сцена знаеше да ја допре Пем за градите или задникот. Па повторно ќе ја снимавме сцената. Јас ќе му речев: “Робин, тоа не е во сценариото”, а тој ќе одговореше: “Ох, во ред””.
За забавните моменти со Робин раскажа и продуцентот Гери Маршал, кој наведе дека Робин понекогаш знаел да се соблече гол.

“Ќе ја соблечеше облеката и ќе застанеше пред Пем, додека таа се обидуваше да глуми. Неговата животна цел му беше да ја усрами Пем”, вели Маршал. “Тој не сакаше тоа да биде перверзно сфатено, туку сметаше дека е забавно”, додава Сторм.