Го прашаа американскиот претседател што би го посоветувал младиот Трамп: Неговиот одговор ги изненади сите

од desk2
130 прегледи

За време на гостувањето на самитот “Generation Next”, американскиот претседател, Доналд Трамп, зборуваше на многу теми, а едно прашање предизвика најмногу внимание.

“Сметам дека сте еден од најуспешните луѓе, а бидејќи успешно ја водите и државата, младите луѓе би требало да се огледаат на вас. Кој совет би си го дале сами на себе ако имате 25 години”, водителот го праша Трамп.

“Не се кандидирај за претседател”, кратко одговори Трамп и предизвика смеа во салата во Вашингтон.

“Целиот живот ме следи голем публицитет, се додека не влегов во политиката. Има многу лажни вести, но луѓето сепак ги сфаќаат работите. Не мислам на сите медиуми, постојат навистина добри новинари кон кои имам голема почит”, додава Трамп.